Северното чудо на Русија: Проучување на дивиот свет на Арктикот на рускиот остров Врангел

Високо на рускиот Далечен Исток, во Арктичкиот Океан, лежи островот за којшто веројатно повеќето од вас не сте слушнале, островот Врангел, којшто ни донесува неверојатно суров пејзаж којшто пак поддржува изненадувачки разновиден екосистем. Врангел, којшто има иста големина колку што и Националниот парк Јелоустон, е дом на арктички лисици, поларни мечки, мошус елени и уште неколку други видови на копнени цицачи, а е посетен и од повеќе од стотина видови на птици преселници. Овој остров претставуваше едно од последните засолништа за волнените мамути на Земјата. Денес, билозите ги проучуваат животните и растенијата на островот со цел да ги следат ефектите од глобалното затоплување на климата, како и ефектите од зголеменото присуство на луѓето во Арктикот. Фотографот Сергеј Горшов го посети Врангел и се врати токму со овие импресивни фотографии, коишто неодамна беа објавени во магазинот bioGraphic.