Отворањето на “најбескорисниот” аеродром на светот во далечната Света Елена

Минатиот викенд, после петгодишната изградба проследена со бројни контроверзности, малиот и изолиран британски остров Света Елена го поздрави својот прв редовен комерцијален лет. Света Елена е инаку британска прекуморска територија во Јужниот Атлантски Океан и претставува еден од најоддалечените острови на светот – вулкански појас со површина од само 47 квадратни милји. Според Ројтерс, единствениот начин за да се пристапи до островот претходно бил само преку морето – и тоа со петдневно патување коешто започнувало од Кејп Таун. Новиот аеродром којшто ќе ги опслужува 4.500-те жители на островот бил изграден по цена од 374 милиони долари. Изградбата била завршена во 2016-та година, но тест летовите се соочиле со големи и сериозни проблеми поврзани со временските услови, а токму поради тоа овој аеродром го добил и прекарот – најбескорисен на целиот свет. Во оваа галерија се собрани дел од фотографиите од инаугуративниот лет но и од самиот остров.