Историскиот концерт на легендарниот Стинг во Скопје низ фотографии

Вчеравечер легендарниот британски музичар Стинг одржа концерт во Скопје кој во нашата музичка историја ќе биде запишан како еден од најспектакуларните. Сите оние коишто имаа прилика да присуствуваат, веројатно уште долго ќе бидат под импресии и ќе прераскажуваат за него, а оние пак коишто немаа можност, веројатно уште долго ќе зборуваат за тоа дека пропуштиле еден историски концерт, буквално на чекор од својот дом. (Фото: Ѕвонко Плавевски)