Burning Man 2017

Секоја година, учесниците на фестивалот "Burning Man" патуваат до "Black Rock Desert" во Невада за да изградат привремен град - самостојна колонија населена со изведувачи, уметници, слободни артисти, 'несфатени'... Околу 70.000 луѓе од целиот свет го посетиле овогодинешниот 31-ви по ред "Burning Man" фестивал, со цел да танцуваат, да се забавуваат и да си го изразат својот слободен (со доза на перверзност) дух. Оваа година темата на фестивалот била "Радикален ритуал". Прекрасните фотографии се дело на Ројтерс фотографите Џим Уркварт и Џим Бург.