Битката во Мосул низ фотографии (дел од фотографиите се со вознемирувачка содржина)

Пред осум месеци, илјадници ирачки и курдски војници, поддржани од САД, Франција, Велика Британија и други западни земји, започнаа масовна операција за враќање на вториот по големина град во Ирак - Мосул од милитантите на ИСИС. Сега, по неколкумесечната војна, ирачката војска соопшти дека конечно Мосул е ослободен од ИСИС. Ројтерс објави дека повеќе од 50.000 цивили и понатаму се заробени во Стариот град, бидејќи борците на ИСИС се "помешани меѓу цивилите во трошните куќи, со голема употреба на замки, бомбаши-самоубијци и снајперски оган за да го забават напредокот на ирачките војници" ...