Натпреварот "Фотограф на кучиња на годината" ги објави победничките фотографии и тие се преслатки

Победничките фотографии ќе бидат изложени во Kennel Club во Мејфер, Лондон. Секоја година, The Kennel Club, која можеби е најстарата призната институција за кучиња во светот, нè привлекува со фотографиите од нивниот натпревар за "фотографија на кучиња" и не тера да се заљубиме во овие животни уште повеќе ... Престижниот натпревар се одржува веќе 12 години и добива по околу 10.000 фотографии од 74 земји ширум светот. Конкурсот има 10 категории меѓу кои и "најдобриот пријател на човекот" во која се испраќаат фотографии кои ја доловуваат длабоката врска меѓу луѓето и кучињата. Оваа година, Марија Дависон од Португалија ја освои наградата за кученцето кое одмара на нозете на својот пријател.