Како изгледаат ветераните после една деценија од учество во војната на Блискиот Исток

Војните всушност никогаш не завршуваат. И покрај тоа што можеби ќе завршат на бојното поле, сите учесници во војната ја враќаат војната дома со себе и се принудени да живеат со неа до крајот на својот живот - доколку не го изгубат војувајќи. Оваа тажна и освестувачка вистина е исткната преку фотографиите на фотографи како David Jay и James Nachtwey кои ги документирале младите и тешко повредени американски војници по нивното враќање дома од војните во Ирак и Авганистан. "Јас сум сведок, а овие фотографии се моето сведоштво. Настаните кои ги снимив не смеат да бидат заборавени ниту пак да се повторат", пишува Nachtwey, додека проектот на David Jay е серија фотографии насловена "Непознат војник" со која беше финалист во категоријата "Портрет" за Магнум Фотографските награди во 2016-та година. Зборувајќи за своите фотографии, Џеј напиша дека тие претставуваат "можност за да се отвори дијалог за прашањата за кои ни е непријатно да зборуваме, но за кои сите сме одговорни. Тие не присилуваат да се соочиме со нашите стравови и инхибиции за животот, смртта, сексуалноста, болестите, односите. реалноста не е секогаш убава. Ова е исто така реалност. Ајде да зборуваме и за неа!" Додека општеството ни наметнува да гледаме на војните како неизбежни, на војниците како "се борат за татковината" и како патриотски чин - ајде да размислиме малку самите со својот мозок - овие луѓе гинат за политичките интереси на нивните лидери. Луѓето едноставно се убиваат едни со други - и нема ништо величествено околу тоа.