Реал покажа кој е газда во Мадрид...

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа убедлива победа од 3:0 против градскиот ривал Атлетико на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. За ерупцијата на стадионот на Реал со хет-трик се погрижи Кристијано Роналдо.