Ова е Дилбар, најголемата јахта на светот

На Азурниот брег моментално крстари луксузната јахта "Дилбар" и набљудувачите ги остава без здив. Ова пловило се смета за најголемо на светот и помоќно од тоа кое го имаат богаташите Сандра и Андреј Мељниченко. И оваа супер јахта припаѓа на руски милијардер, а станува збор за Алишер Усманов, еден од сопствениците на клубот Арсенал.