Реакциите на легендарниот Марадона за време на натпреварот Аргентина-Нигерија

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона имаше незаборавно шоу во вип ложата на стадионот во Санкт Петербург, бидејќи најпрво доживеа моменти на екстаза, потоа на вистински очај, а на крајот дочека и моменти на вистинско лудило по голот на Маркос Рохо кога почна да покажува и средни прсти во еуфоричното славје за водството на Аргентина.Тој и пред почетокот имаше свое шоу на трибините, а тоа постојано го регистрираа медиумите.