Груевски нервозен: Секој ден сме на судење, ова не е фер!

Експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески не ги добија цедињата со бомбите кои се доказ во предметот „ТНТ“. Судот го повлече задолжението СЈО да им ги достави цедеата со бомбите и смс-пораките. Груевски му се развика на судијата: „Секој ден сме на рочишта. Не е фер судењето. Кога да ги слушаме бомбите? Не сме ние виновни што нема слободна судница“, му рече Груевски на судијата Ставрев.