Најлошото што може да му се случи на спортист: Стравична повреда на кошаркар од Феникс

Тоа што малкумина сакаат да го видат и што малкумина сакаат да им се случи, вчера вечер на натпреварот меѓу Феникс Санс и Далас Маверикс се случи. Кошаркарот на Феникс Санс, Ајзеа Канан, во налет против екипата на Далас, беше фаулиран, но при пад од кошот, лошо згазна и летна стапалото на другата страна.