Стоилов направи луда атмосфера во македонската фан зона

Македонските ракометари напуштајќи ја салата „Арена“ во Загреб, каде што вчера ремизираа со Германија 25:25 за прво место во групата Ц, ја посетија македонската фан зона во барот „Роко“. Пред дел од стотиците навивачи се обратија Ацо Јоноски, Кирил Лазаров, но неповторлив во својот настап беше Столе Стоилов, кој проговори за моментот на 11 секунди пред крајот кога имаше шут за водство.