Алигатори се борат за воздух во замрзнато американско мочуриште

Парк-мочуриште од Северна Каролина објави снимка на која се гледа како алигаторите се снаоѓаат и преживуваат на ниските температури што периодов ги зафатија САД поради што замрзнало и езерето каде што живеат. Имено, алигаторите се целосно опколени со мраз и затоа само го подаваат врвот од главата за да може да земат воздух низ дупките во мразот.