Моторцикл-дрон - Полицијата во Дубаи со возила од иднината

Полицијата во Дубаи ќе користи нов вид на превоз – нешто помеѓу дрон и моторцикл. Тие ќе се напојуваат со батерии, а можат да летаат еден метар над земјата до максимум 25 минути со полна батерија, а еден час кога се користи гориво. Моторциклите ќе се движат со максимална брзина од 70 км/ч., а ќе можат да пренесуваат товар од 300 килограми.