Во Сакраменто воодушевени: Богдан Богдановиќ шутира 21/21 за тројка

Српскиот кошаркар и поранешен соиграч на Перо Антиќ во Фенербахче, Богдан Богдановиќ го имаше своето деби за новата екипа Сакраменто Кингс. „Кралевите“ добија одлично засилување во шутерот од Србија, кој на вчерашниот тренинг покажа зошто е еден од најперспективните млади кошаркари од Европа.