Северна Кореја испука балистички проектил, итен состанок на СБ на ОН

Пјонгјанг ракетата ја лансирал во вторник, во раните утрински часови според локално време. Јапонската војска не се обидела да ја собори ракетата која ја прелетала територијата на Јапонија околу шест часот според локално време. Премиерот на Јапонија Шинзо Абе рекол дека владата ќе ги преземе сите мерки за да го заштити јапонскиот народ. Лансирањето на ракетата го потврди и Пентагон и нагласи дека таа не преставувала опасност за Северна Америка.