Како од хорор филм: Џиновска ајкула скокнала од море на палуба на брод и се заглавила!

Ајкула скокнала на палубата на брод и се заглавила на оградата, а целата ситуација е снимена и објавена на интернет. Ситуацијата се случила во близина на Лонг Ајленд. На видеото се гледа како ајкулата се бори за живот, а од ударот во оградата се здобила со повреди па има крв насекаде. На крајот капетанот Дон Лов и уште еден член на посадата ја спасиле и ја вратиле назад во море.