Да се наежиш: За влакно ѝ избегале на смртта во сообраќајка на Крф

Тројца млади си седеле на тротоарот пред излогот на бутик во Сидарија на грчкиот остров Крф, во кој неколку минути подоцна се забива автомобил избегнувајќи ги за влакно. Возилото се појавува сосема неочекувано, скршнува од патот и влетува во излогот на продавницата. Триесет и шестогодишниот возач е полесно повреден при несреќата, а како што наведуваат полициските извештаи, тој бил и под дејство на алкохол.