Скриената убавина на планетата Земја, невидлива за голото човечко око

Режисерот Луис Шварцберг ја искористил "time lapse" технологијата за да ни го долови она што секојдневно се одвива на планетата Земја, а ние не го гледаме. Најскриените чуда на природата на кои заборавивме. "Живееме во свет кој е преполн со суптилна и деликатна убавина, невидлива со човечко око. За да ни го долови тој невидлив свет, Шварцберг користи "time lapse" камера со висока резолуција и микроскоп". И вие ќе го промените мислењето за светот и нема да го гледате со исти очи откако ќе го погледнете ова видeo.