На сред операција докторот направи пауза, за да ги гледа пеналите на Чиле - Португалија

Во моментов трае Купот на Конфедерации, каде во финалната битка ќе се сретнат екипите на Германија и Чиле, светскиот и јужноамериканскиот фудбалски шампион. Полуфиналниот меч меѓу Чиле и Португалија го добија јужноамериканците по изведувањето на пеналите, а голем број на видеа од прославите во Чиле се појавиле и на ЈуТјуб. Сепак, убедливо најпопуларно е видеото на кое се гледа како доктори направија пауза од операција, за да ја видат одбраната на Клаудио Браво против Жоао Мутињо.