Одеднаш кон овој автобус лета автомобил од спротивната страна на автопатот и се удира во него - морничавото видео го обиколи светот

Ужасна сообраќајна несреќа се случила на автопатот во Јапонија. На интернет кружи морничаво видео од сообраќајната несреќа кога автомобил прелетува од другата страна преку заштитната ограда и удира во автобус. Оваа несреќа се случила недалеку од Шиншир, а во моментов се истражува причината. Автобусот од моќта на ударот излетал од патот, но ниту еден од 45-те патници во него не се тешко повредени. За жал, 62-годишниот возач на автомобилот починал на лице место.