Монтажа или неверојатна вештина? Марко Ројс ни покажува како вежба слободни удари

На интернет деновиве кружи видео од тренинг на Борусија Дортмунд, односно од еден најдобрите играчи на тој клуб, Марко Ројс. Тој поставува 3 гуми една врз друга кај петерецот, и се обидува откако ќе ја погоди пречката, топката да влезе во гумите. Откако првата топка ја шутна за да се загрее, втората ја од пречката ја одведе директно во гумите. Изгледа тоа повеќе не му беше предизвик, па за третиот шут ги врза очите. Погледнете го видеото и одлучете сами за што станува збор.