Претседателот на Иран Ебрахим Раиси денеска изјави дека операцијата „Искрено ветување“, нападот на Исламската република на Израел, го разбила митот за непобедливоста на израелскиот режим и докажала дека нивната моќ е како пајажина.
Интересно е дека денеска пајажина спомна и командантот на копнените сили на Иранската војска Кумарс Хејдари, истакнувајќи дека одмаздата докажала дека одбраната на Израел е послаба од пајажина.Пајажината веќе со децении е метафора која ја користат Иранците и нивните со...