Валдес изгледа го прими најсмешниот гол оваа сезона

Натпреварот помеѓу Мидлзборо и Манчестер Јунајтед од Премиер лигата, веројатно очекувано заврши со победа на гостите од Манчестер од 1-3. Сепак, моментот за кој најмногу се зборува е третиот гол на Манчестер во режија на Антонио Валенсија...и на Виктор Валдес. Пораншениот голман на Барселона и порано знаел да направи кикс, но ова можеби е врвот во неговата кариера, барем откако е во Англија.