Неверојатни достигнувања постигнати од жени

Точка

06/07/2013

14:40

4047

Големина на фонт

а а а

Иако сите тврдат дека мажите управуваат со светот, а жените се грижат за нивните мажи да имаат се’ што им треба, луѓето понекогаш забораваат колку неверојатни жени на оваа планета успеале да исполнат мисии достојни за мажите. Еве неколку примери кои ја покажуваат моќта на интелигентната современа жена.

Првата писателка која заработила милијарди

Откако нејзиниот ракопис бил одбиен од дури 12 издавачи, Џ.К. Роулинг по многу време стана првата авторка (од двата пола) која заработила милијарда фунти, откако нејзиниот серијал книги за Хари Потер стана светска сензација.


Првата жена која се искачила на врвот на Монт Еверест

Јапонската планинарка Јунко Табеи стана првата жена која го достигнала врвот на Монт Еверест, и е првата жена која ги има достигнато највисоките врвови на сите седум континенти.


Првата жена која го преминала Атлантикот во авион

Амелија Ирхарт била позната уште од 1937 година како првата жена која го преминала Атлантскиот Океан во авион и напишала книга која во тоа време била бестселер.


Првата жена која освоила Оскар за најдобар режисер

Режисерката Кетрин Бигелоу со филмот „The Hurt Locker“ собра шест оскари во 2010 година, вклучувајќи и оскар за најдобар режисер и најдобар филм. Бигелоу стана првата жена која ја однесе дома оваа престижна награда, победувајќи го во трката за најдобра режија својот поранешен сопруг, Џејмс Камерон.


Добитничка на Нобеловата награда за мир

Во 1970 година, Мајка Тереза доби Нобелова награда за мир после добивањето на дозвола од Светата столица да започне свој ред, Мисионерките на хуманоста.


Прва жена поетски лауреат

Поетесата и писателка на драми, Керол Ен Дафи, избрана е како првата жена поетски лауреат, што претставува најпрестижна титула за поезија во Англија – после цели 400 години доминација од мажите.


Првата жена примена во Училиштето на фина уметност во Париз

Џулија Морган, 26-годишна девојка од Калифорнија, била една од 100-те студентки на целиот универзитет (и единствена жена-инженер). Откако ја добила дипломата по архитектура на овој факултет, кој бил најпрестижен факултет за архитектура во светот, Морган се вратила во Калифорнија. Таму станала првата лиценцирана жена која практикувала архитектура во светот.


Најбрзата личност која пловела околу светот

На 28-годишна возраст, Елен МекАртур, капетан на јахта, ги сруши сите светски рекорди откако стана личноста која успеала за најкратко време да го преплови целиот свет, без пауза. МекАртур исто така стана и најмладата личност која добила титула од Кралицата.


Првата жена која била Секретар на САД

Експертот за интернационални врски Меделин Олбрајт е првата жена Секретар на САД. Таа е водечката женска фигура во федералната владина историја.


Првата жена која добила Пулицерова награда

Едит Вартон ја добила наградата за нејзината новела напишана во 1920 година, „Години на невиност“. Оваа книга била критика за дволичноста на високата класа во Њујорк на преминот во новиот век. Оваа книга е инспирација за многу адаптации на театарската и филмската сцена, и е земена како урнек за книгите „Озборувачка“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг