Тим на „Специјалната олимпијада Македонија“ замина на Европското првенство во кошарка

Точка

19/06/2013

16:55

2.087

Големина на фонт

а а а

Единаесетчлена делегација на „Специјалната олимпијада Македонија“ утрово замина за Истанбул, каде што од 19 до 23 јуни ќе настапи на Европското кошаркарско првенство.

Операторот на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, „ТАВ Македонија“ е главен поддржувач на патувањето на нашата кошаркарска репрезентација на специјални олимпијци во машка конкуренција.

Тие од новиот аеродромски терминал во Скопје беа испратени од Зоран Крстевски, генерален менаџер на компанијата и од Алпер Ерсој, заменик-генерален менаџер на „ТАВ Македонија“. кои на членовите на тимот им посакаа постигнување врвни резултати.


Тренерите Дарко Радуловиќ и Дарко Крстиќ ги претставија очекувањата на тимот кој се состои од осум кошаркари. - Целта на оваа организација е интеграција и социјализација на овие групи со посебни потреби во општеството и нивно инволвирање во сите текови на нормалниот живот. Нашата репрезентација во Истанбул ќе се натпреварува во конкуренција на 16 други репрезентации, кои ќе го комплетираат собирот на кој ќе учествуваат повеќе од 150 атлети“, изјави Радуловиќ.

Крстиќ рече дека неговата екипа ќе се обиде достоинствено да се натпреварува и да ги совлада предизвиците што ги носат ваквите натпревари. -Веруваме во овие наши момци кои навистина го прават ова со срце и нè прават горди промовирајќи ги вистинските човечки вредности - истакна Крстиќ.


Двајцата тренери се заблагодарија на „ТАВ“ за поддршката во ова учество на шампионатот. Без помошта на оваа компанија со корпоративна општествена одговорност, патувањето ќе беше невозможно. Со спонзорството се обезбедени авионски билети за патувањето до Истанбул, во спротивно репрезентацијата би користела автобус. Македонската кошаркарска федерација ја поддржа екипата на Специјалната олимпијада со донација од опрема за настап. Кошаркарските репрезентативци на „Специјална олимпијада Македонија“ најавија максимален ангажман со желба за успех и за вистинско претставување на земјата во меѓународни рамки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг