Објавен огласот за доктори од приватните болници кои сакаат да работат во јавното здравство

Нетпрес

14/06/2013

10:11

938

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство денеска го објави огласот преку кој бара медицинари од приватниот здравство кои сакаат да работат во јавните здравствени установи.

Огласот доаѓа по најновите измени на Законот за здравствена заштита кои предвидуваат можност за преземање на здравствените работници од приватното во јавното здравство.

„Овој повик за искажување интерес се однесува на доктори – специјалисти вработени во приватните здравствени установи кои сакаат да преминат да работат во јавните здравствени установи“, велат од Министерството.

Кандидатите својот интерес треба да го искажат на е-маил prezemanje@zdravstvo.gov. mk, со писмо за интерес кое треба да ги содржи следните податоци: име и презиме, контакт телефон, е-маил адреса, специјалност, работно искуство како специјалист, како и податок дали досега има работно искуство како специјалист во јавна здравствена установа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг