Претпоставувате ли што е подлогата за оваа уметност?!

Точка

12/06/2013

17:30

4.808

Големина на фонт

а а а

Колку и да звучи чудно и неверојатно, таму некаде, површината на кожата на камилите се користи како "платно" за создавање вистинска уметност! Станува збор за годишен фестивал кој привлекува големо внимание.

Имено, на границата помеѓу Пакистан и Индија, секоја година во јануари се одржува "The Bikaner Camel Festival" или Фестивалот на камилите, во рамките на коj што сопствениците на овие пустински животни ги претвораат нивните тела во вистинска подвижна уметност, користејќи го нивното кратко крзно.


Така, секоја година илјадници туристи се упатуваат кон местото Биканер за да присуствуваат на овој спектакл. Локалните жители на пустинските предели приредуваат шоу со танци и музика, додека камилите ги фасцинираат туристите од целиот свет со нивните движења, грациозноста и пријателската настроеност. Камилите се дресирани да се исправаат на две нозе, да танцуваат и да комуницираат со гостите.


Сепак, најспектакуларен детаљ на фестивалот, нешто со кое што и истиот започнува, е декорирањето на камилите. Во рамките на фестивалот се одржува натпревар за најдобро украсена камила, за камила која најдобро танцува, камила која што има најдобра "фризура" и камила која што дава најдобро млеко. На вториот ден од фестивалот се одржуваат и трки со најбрзите камили од регионот.


Фотографот Осакабе Јасуо, кој преку својот објектив го овековечил овој неколку дневен фестивал, објаснил дека создавањето на уметничкото дело од крзното на камилата може да трае и до три години. Така, во текот на првите две години сопствениците на камилите ги негуваат влакната на овие животни за тие да пораснат поголеми и посјајни, а потоа, во текот на неколку месеци тие внимателно ги создаваат уметничките дела кои што можете да ги погледнете во продолжение.












Спонозорирани линкови

Маркетинг