Петта кампања за борба против рак на дојка на плоштадот во Скопје

Нетпрес

08/06/2013

12:23

662

Големина на фонт

а а а

На плоштад „Македонија“ вечер од 18 часот ќе се одржува петтата кампања за борба против рак на дојка „Напред розово“, што ја организира здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со здружението „Интегритет Алфа и Омега“ и Амбасадата на САД во Македонија.

Централниот настан од годинашната кампања, насловена „Напред розово 2013 - чекори против ракот на дојка“, ќе опфати прошетка низ центарот на Скопје со повеќе од 1.500 учесници, по која ќе следува музички хепенинг со настап на жени диџеи.

- Пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка, соопшти „Борка“.

На настанот ќе присуствуваат и министерот за здравство Никола Тодоров и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Како и во минатите години преку продажба на розови производи (маици, алки и други предмети) ќе се собираат средства за реализација на годишните активности на здружението „Борка“ - обезбедување психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на Клиниката за онкологија и торакална хирургија од волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС-линија за помош и поддршка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг