Општина Охрид се дави во долгови

Нетпрес

15/05/2013

16:08

2.160

Големина на фонт

а а а

Александар Петрески го остави Охрид во долгови до гуша. Огромни се долговите кои ги има општина Охрид кон правните субјекти, на кои им должи неверојатни суми пари, објавува порталот „Курир“, повикувајќи се на сопствени извори.

„Секојдневните инспекциски контроли кои прават анализа на финансиската ситуација на општина Охрид, се соочуваат со стотици предмети за кои локалната самоуправа има обврска за исплата на големи финансиски средства.

Според нашите неофицијални информации, финансиските обврски кои се спомнуваа во изборниот период, за долг на општината и јавните претпријатија од 33 милиони евра, веројатно ќе бидат повисоки, а обврските кои пристигнуваат секојдневно за наплата во општината и општинските јавни претпријатија, би можеле да доведат до сума од фантастични над 50 милиони евра.

Како работел тимот на поранешниот Градоначалник на Охрид Александар Петрески, говори податокот дека само во 2012 година на име трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони. Само на име на градоначалникот Петрески се воделе 6 телефонски броеви.

Сигурно дека во Република Македонија, а веројатно и пошироко, не постои друга локална самоуправа која има ваков обем на долгување, а штетите од прекумерното и неразумно задолжување ќе бидат долгогодишни. Останува на новата локална власт, заедно со останатите институции на државно ниво, да изработи сериозна и остварлива програма, која ќе ја амортизира ваквата состојба“, се вели во текстот на „Курир“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг