Започнуваат големите Велигденски пости

Нетпрес

18/03/2013

11:21

5.563

Големина на фонт

а а а

За сите православни верници денеска започнуваат неколкунеделните големи Велигденски пости кои завршуваат со празникот Велигден, кој оваа година ќе се прославува на петти мај.

Постот во христијанството не претставува само откажување од мрсна храна, туку има духовна димензија.

Датумот на почетокот на постите зависи од датумот на празнување на најголемиот христијански празник Велигден, кој православните верници го слават секогаш во недела на полна месечина по пролетната рамноденица.

Првиот ден на постите се нарекува Чист понеделник, кој доаѓа по Белата недела, последен ден од Месната недела, која е врв на славите пред постот и во која треба да влезе достоинствено и со помалку гревови.

Првата недела на постот се нарекува Чиста, а последната е Недела на православието.

Според православното учење, Големиот пост не учи на покајание, простување и вистинска молитва, а целта е во мир и тишина да се дочека најголемиот христијански празник Велигден, бидејќи вербата во Велигден е основата на христијанството.
Големиот пост , кој своето име го добил според Чесниот крст на кој настрадал Исус Христос, е востановен по примерот на Спасителот, кој, по крштевањето на реката Јордан, заминал во пустината и постел 40 денови и ноќи, по што излегол како победик од искушението.

Постот не е гладување, ниту запоставување на трпезата, на која во деновите од постот нема храна од животинско потекло, туку пред се’ морален и етички чин и израз на вистината на љубовта кон Бога и Синот Божји, кој со своето страдање и вербата во животот ги воспоставил вредностите на христијанството.

Постот во христијанството не преставува само одрекување од мрсна храна, туку има духовна димензија- воздржување од нечисти мисли, зборови и дела, повеќе молитви, покажување на милосрдност и правење на добри дела.

Постот претставува и издигнување на духот над телото, победа на духовната страна над сетилата и за христијаните претставува подготовка за одбележување и прослава на празникот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг