Потпишан Кодекс за фер избори

Нетпрес

11/03/2013

14:20

3.062

Големина на фонт

а а а

Кандидатите за градоначалници од скопските општини и на Градот Скопје денеска потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори, во организација на Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт.

“Сите партии, кандидати и членови се со еднаква одговорност пред сите закони, правила и прописи на Република Македонија. Тие ќе го осудуваат јавно и постојано, секој чин на насилство и заплашување од чија било страна. Ќе го преземаат секој можен чекор за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите. Целосно ќе ги почитуваат законските прописи за трошоците поврзани со нивните кампањи и ќе ги објават своите жиро - сметки во согласност со овие прописи“, стои меѓу другото во Кодексот што го потпишаа кандидатите за градоначалници.

Според кандидатот за градоначалник за Скопје од ВМРО - ДПМНЕ Коце Трајановски потпишувањето на Кодексот меѓу другото е позитивен чин и за самите кандидати за да нема, како што рече, непристојни обвинувања и да постои добар амбиент на овие локални избори во Република Македонија.

“Да се овозможи еден човек - еден глас односно волјата на граѓаните да не се злоупотербува. Досега сме покажале дека можеме на фер и демократски начин да ги водиме изборите“, изјави по потпишувањето Трајановски.

За Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, ова е симболика за која изрази надеж дека ќе преработи во пракса, затоа што е исклучително важно, подвлече, гласот на граѓанинот да вреди и секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја.

“Сведоци сме секојдневно дека владините министри преку ден се во функција на локалните избори, а тоа самото говори дека овој Кодекс е добра војла, што сакаме да направиме. Верувам дека по потпишувањето, користењето на јавни фондови и ресурси, службени возила, нема да отвораат развојни проекти за време на кампањата, ќе бидат минато и со своите програми и деи ќе се натпреваруваме пред граѓаните на Скопје“, изјави Макрадули.


Спонозорирани линкови

Маркетинг