Бебе излечено од ХИВ

Нетпрес

04/03/2013

09:46

2.277

Големина на фонт

а а а

Бебе родено во Америка со ХИВ се верува дека е излечено од смртоносниот вирус со употреба на стандардна терапија, истакнале истражувачите, пренесе Би-Би-Си.

Девојчето од Мисисипи кое е родено како ХИВ позитивно, денес има две ипол години и не покажува знаци на инфекцијата.

По успешните резултати, истражувачите и докторите планираат да го пробаат истиот третман и на други деца кои се родени со ХИВ, за да потврдат дали ќе го има истиот ефект. Ако се покажат како успешни, тогаш можно е да станува збор за нов лек кој го убива вирусот кај децата.

Ако ова девојче остане здраво, тогаш ќе биде вториот човек кој е излекуван од ХИВ.

Доктор Дебора Персауд, виролог на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, ги презентираше наодите на Конференцијата за Ретровирусни и опортунистички инфекции во Атланта.

"Ова е доказ за концепт дека ХИВ може да биде потенцијално излечив кај доенчињата", вели таа.

Коктел од лекови

Во 2007-та година, Тимоти Реј Браун стана првата личност во светот која беше излечена од ХИВ.
Неговата инфекција беше елиминирана со помош на третман кој се користи за лекување леукемија, преку матични клетки од донаторот кој е имун на вирусот.

За разлика од овој случај, девојчето од Мисисипи е излечено со коктел од најразлични лекови кои се достапни и не многу скапи, а најчесто се користат за лекување на ХИВ кај новороденчињата и доенчињата.

Истражувачите веруваат дека третманот кај малото девојче е успешен и дека го излечиле вирусот пред тој да се скрие во организмот.

Бебето се родило во рурална болница каде што мајка и направила тест за ХИВ инфекција кратко пред породувањето. Таа не примала никакви лекови за превенција во текот на бременоста.

Истражувачите велат дека третамнот бил успешен бидејќи почнал веднаш по породувањето.


Спонозорирани линкови

Маркетинг