Македонската "Империја" во Шведска

Точка

27/02/2013

21:53

9.113

Големина на фонт

а а а

Во новото студио на Македонската телевизија вечерва беше промовиран официјалниот спот и песна со која што кралицата на ромската музика Есма и талентираниот пејач Влатко Лозаноски - Лозано ќе ја претставуваат Македонија на овогодинешното издание на Евросонг кое што ќе се одржи во Шведска.

На првата програма на македонската радио телевизија беше промовиран официјалниот спот и песна со која што Есма и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат нашата држава на 58-то издание на Евровизија, кое што ќе се одржи во Малме, во Шведска, од 14 до 18 мај.

Есма и Лозано ќе настапат на втората полуфинална вечер, на 16 мај. Музиката и аранжманот на песната се дело на авторите Симеон Атанасов и Дејан Момироски, додека текстот го потпишува Борче Нечовски.

Во продолжение погледнете како изгледа спотот и како звучи евровизискиот македонски хит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг