ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Струга со заеднички сили на избори

Нетпрес

22/02/2013

09:30

1.455

Големина на фонт

а а а

Струшките членови на СДСМ ќе го поддржат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владо Кочоски, на претстојните локални избори, пишува “Утрински весник“ во текстот каде се анализира каде ќе бидат жешките точки на претстојните локални избори.

Партиската нетрпеливост, барем кај дел од стружани, за кратко ќе биде ставена на страна во надеж дека Македонците ќе го добијат најважното место во градот.

Пред четири години, потсетува “Утрински“, албанските партии поделија над 15.000 гласа, слично минаа и фаворитите на двете најголеми македонски партии, но имаше една битна разлика: кандидатот на СДСМ, Фијат Цаноски, ги доби и симпатиите на Македонците-муслимани. Победата, сепак, ја однесе Рамис Мерко. Тимот на Црвенковски сега нема свој кандидат, а ДУИ и ПЕИ на Цаноски склучија пакт за соработка, што дополнително ќе ја засоли струшката манџа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг