Амбасадорска кандидатка од партијата на Берлускони глумела во еротски филм

Точка

08/02/2013

13:27

4479

Големина на фонт

а а а

Амбасадорската кандидатка од партијата на Берлускони, Фиорела Чекачи Рубино, глумела во порно филм, пренесуваат италијанските медиуми.

Рубино ја толкувала главната улога во филм на Тинто Брашо, познат италијански режисер на еротски филмови. Кандидатката на партијата на Берлускони изјавила дека нема од што да се срами, и дека станува збор за фил во кој глумела пред 15 години.

Фиорела била дел од италијанскиот парламент изминативе 7 години, а дури денес е објавено дека некогаш глумела во еротски филм. Рубино тврди дека во 2006-тата година, се нашла на листата на пратеници, не заради изгледот или глумата, туку заради нејзините способности и заслуги.

"Британскиот дневник, "Daily Telegraf" наведува дека Рубино е само една во низата на манекенки, актерки и забавувачки кои влегле во политичките води под водство на Берлускони".

Во минатата влада, Берлускони за министерка за рамноправност на половите ја именувал Мара Карфања, позната по фотографиите од машките списанија.







Спонозорирани линкови

Маркетинг