Седум работи кои не сте ги знаеле за бакнежот

Точка

22/01/2013

22:11

12.070

Големина на фонт

а а а

Бакнежот е најубавиот начин да искажете љубов и нежност, и со тоа би се согласил секој, дури и најрамнодушната личност на овој свет.

Има најразлични видови на бакнежи и секој ве прави да се чувствувате добро. Но, внимавајте со кого се бакнувате, бидејќи и нешто толку убаво како бакнежот, може да има последици.

Бакнувањето лекува главоболка

Бакнувањето влијае одлично на вашето здравје. Го подобрува изгледот на вашата кожа, ја зголемува циркулацијата, го спречува крварењето на непцата и ја лекува главоболката. Ако ве боли глава, не барајте антибиотици, тргнете во акција.

Бакнежот е како дрога

Доколку добивате вртоглавици по бакнување, не грижете се! Докажано е дека додека се бакнувате, во вашиот организам се лачи ендорфинот кој има појак ефект од морфиумот, па со тоа предизвикува и блага вртоглавица. Колку повеќе се бакнувате, толку позаматено ќе ви изгледа се. Но, не престанувајте, тоа е слатка вртоглавица!



Здраво бакнежи, збогум калории!

Доколку не сакате многу да вежбате, тогаш навалете на бакнувањето. Обичен бакнеж активира две групи на мускули и со тоа се согоруваат многу калории. Францускиот бакнеж активира дури 34 групи на мускули и согорува пет калории. Ако се бакнувате една минута, ќе согорите 26 калории, а ако се бакнувате еден час, ќе согорите неверојатни 1.560 калории. Затоа, не чекајте. Почнете со “вежбање“.

Ескимски бакнежи

Приказната дека Ескимите се бакнуваат со носот е само измислица. Според зборовите на еден Еским, овие бакнежи ги измислил Холивуд, па така, знајте дека и Ескимите се бакнуваат исто како сите останати.



Внимавајте со кој се бакнувате

Многу е важно да му верувате на човекот кој бакнувате. Со еден бакнеж се пренесуваат 278 бактерии, а веќе вториот бакнеж ќе ви пренесе дури 10.000 бактерии.

Опасни бакнежи

Преку бакнежот се пренесуваат и многу болести, како мононуклеоза или херпес. Дополнително, преку бакнеж може да се пренесе и сида, ако двајцата партнери имаат мали рани во усната празнина. Затоа, секогаш внимавајте кој и зошто го бакнувате.

Забрането овошје

Во Наполи, во 16 век, било забрането бакнување на јавно место. Истото, било казниво со смртна казна. Верувале или не, оваа забрана се уште постои во некои делови во Америка, па така во градовите Чедер Рапидс и Хартфорд жените не смеат да ги бакнуваат своите мажи во недела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг