Сестри близначки во САД се породиле во ист ден

Точка

03/01/2013

11:25

3.011

Големина на фонт

а а а

Идентични близначки од Акрон, во американската држава Охајо, се породиле со разлика од само два часа на последниот ден од претходната година, и добиле момчиња – Донавин и Ејден.

Деветнаесетгодишните близначки Ејми и Ешли Нелсон намерно не биле воспитувани да прават исти работи во исто време, и всушност термините за породување им биле на околу една недела разлика, пишува во локалниот весник Акрон Бикон Џурнал.

Сепак, првото новороденче, Донавин, е родено околу пладне на последниот ден од годината, 31 декември, а Ејден се родил околу два часот по пладне истиот ден. Мајките ги породил истиот доктор во Акрон.


Спонозорирани линкови

Маркетинг