Снимен астероид во близина на Земјата

Точка

17/12/2012

10:10

5191

Големина на фонт

а а а

Објавени се првите фотографии од астероидот "Тоутатис" кој на 12-ти декември прелета покрај Земјата на оддалеченост од 6.9 милиони километри.

Кинескиот сателит "Chang'e 2" го заврши својот пресрет со астероидот "Тоутатис" кој пред неколку дена имал блиска средба со Земјата. Сателитот му се приближил на астероидот на 3.2 милиони километри и го фотографирал со релативна брзина од 10,73 км во секунда. Објавени се и првите фотографии од астероидот, кои според "Discovery" се подобри од очекуваното.

Фотографиите се направени на 12-ти и 13-ти декември, денот кога астероидот бил најблиску до Земјата, односно на 6.9 милиони километри оддалеченост.

"Фотографиите се многу подобри и побројни од тоа што очекував", вели Емили Лакдуала, новинарка од "Planetary Society"

Претходно беше најавувано дека на 12.12.2012 астероидот ќе помине покрај Земјата, но нема да ја загрози на ниту еден начин. "Тоутатис" е долг 4.46 километри и 2,4 километри широк.

Следен пат овој астероид ќе биде блиску до Земјата во 2069-тата година кога ќе биде оддалечен на 3 милиони километри од неа, изјавиле од НАСА.



Спонозорирани линкови

Маркетинг