Мотивација на вработени: Однесувајте се со нив како кон луѓе

Денар

07/11/2012

16:29

4440

Големина на фонт

а а а

Ако вашата цел е да ги мотивирате вработените, прво и најважно е кон луѓето кои се вработени во вашата компанија да се однесувате исклучиво како кон луѓе.

Всушност и луѓето кои според вас се вистинските, имаат свои мани и недостатоци.

Многумина претпоставени, својата улога знаат да ја доживеат претерано нагласено и воопшто не се свесни дека немотивираноста кај вработените е предизвикана токму поради нивниот став, односно кога тие постојано ја форсираат сопствената доминација или сами себе се сметаат за возвишени.

Запомнете, функцијата на секоја компанија, па така и на вашата, не би била возможна доколку ги нема работниците, затоа нивното работно место и нивното значење се исто толку важни како и вашето. Едни на други сте потребни, затоа обидете се да им покажете на вработените колку тие се важни за вашата компанија.

Внимавајте на положбата и улогата на вработените. Тоа што не е во опис на нивната работа не ги принудувајте да го работат.

Внимавајте на работно време на вработените. Не барајте од нив да работат подолго од тоа што е предвидено со закон или од тоа што во заедничкиот договор е запишано.

За прекумерената работа, доколку вработените се согласат на тоа, дадете им парична награда.
Покрај редовно договорената плата, додадете и процент или бонус профит, кој би им бил достапен при извршувањето на повеќе задачи.

Почитувајте ги приватните обврски на вработените и не им ги одземајте договорените слободни денови или слободното време за празници, кое според логиката им следува.


Спонозорирани линкови

Маркетинг