Арабеска со романтично изненадување за Бела ноќ!

Точка

03/10/2012

13:02

5.001

Големина на фонт

а а а

Не некогаш и негде, туку сега и овде! Во сабота во Arabesque! Романтични ноти и заразен ритам... Ве чекаме на иста маса, исто место-втората од десно, само датумот е друг... 6-ти октомври!

Ресторанот Арабеска подготвува богата целодневна програма за време на Белата ноќ, која традиционално, и годинава ќе се одржи на 6-ти октомври. Покрај популарниот бенд The Hounds и познат DJ, од Арбеска најавуваат и специјално музичко изненадување за гостите кои тој ден ќе го посетат ресторанот.

“За 6-ти октомври Арабеска подготвува специјално изненадување за сите гости. Станува збор за една од најпопуларните музички ѕвезди во Македонија, која за време на Белата ноќ ќе се погрижи за незаборавна атмосфера во нашиот ресторан. Ги покануваме љубителите на добрата забава да ни се придружат на овој ден кој низ годините стана препознатлива традиција на главниот град“, вели Маја Ангеловска, менаџер на Арабеска.

Втората година од постоењето, Арабеска ја начна со хуманитарни активности и општествено-одговорни проекти, а периодов најавуваат уште побројни изненадувања за нивните гости.


Спонозорирани линкови

Маркетинг