МВР контра Синдикатот: Полицајците ќе добијат нова униформа и чизми

Макфакс

12/10/2018

14:25

196

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи ги отфрла како неточни тврдењата изнесени на прес- конференцијата на претставниците на Независниот полициски синдикат околу наводното неспроведување на активностите за набавување на нова опрема за полициските службеници.

,,Точно е дека претходното раководство на МВР десет години не набавувало униформи, но веднаш по доаѓањето на новото раководство на МВР беа преземени мерки за решавање на овој проблем. Со Планот за јавни набавки на Министерството за внатрешни работи, за 2018 година предвидени се вкупно 18 постапки за набавка на униформа и делови на униформа, кои Одделот за општи и заеднички работи при МВР ги има започнато согласно процедурите за набавка соодветно на видот на постапките”, соопшти МВР.

Според нив, во изминатиот период била извршена набавка на: комплет униформа за припадници на ЕСЗ за урбани средини, како и комплет униформа за рурални средини; ремени за сите полицајци, комплет униформа за воздухопловниот персонал.

,,Исто така потпишани се договори за набавка на зимска опрема (панталони, здолништа, кожни ракавици, како и наменски ракавици за сообраќајната полиција и слично) што ќе биде испорачана до крајот на овој месец, како и дел од опрема (џемпери).Постапките за набавка на високи специјални чизми и маици за припадници на МВР се во тек и треба да завршат до крајот на годината.

Покрај ова, во интерес на задоволување на итните потреби од основна униформа за 1.200 припадници на полиција со статус – помлад полицаец кои поради затекнатите претходни состојби, односно недостиг од униформи ја користат работната униформа од обуките, во итна постапка беа набавени по 1.200 пара/парчиња маици со кратки ракави, кошули, кратки јакни, вратоврски и опасачи, а во текот на наредните денови се чека испорака на чевли и панталони, по што оваа опрема ќе биде поделена на нововработените полицајци”, се додава во соопштението.

МВР потсетува дека покрај овие тековни активности за комплетно опремување на полициските службеници, течат и активностите за инфраструктурно и техничко подобрување на условите за работа на полициските служби, за што јавноста во повеќе наврати беше детално информирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг