Убиецот на бугарската новинарка ја шокираше полицијата: Го призна злоделото, но еден детаљ ја зголемува мистеријата

Точка

12/10/2018

21:44

15.485

Големина на фонт

а а а

Германскиот суд наведе дека Бугаринот кој го призна убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова ќе биде екстрадиран во татковината во наредните денови.

"Наскоро може да се очекува екстрадиција на обвинетиот. Уапсениот призна на суд дека на 6 октомври 2018 година имал вербална расправија со жртвата. Бил под влијание на алкохол и дрога, па ја удрил жената во лице, при што паднала, а потоа ја подигнал и ја фрлил во грмушките и дека после тоа го напуштил местото", се наведува во соопштението на регионалниот суд во Целе.


Во соопштението и понатаму се наведува дека 21 годишниот осомничен, кој на 10 октомври беше задржан во притвор после европска потерница, за време на испитувањето изјави дека не сакал да ја убие жртвата и го негирал силувањето.

Ноќта на 10 октомври, 21 годишниот бугарски државјанин Северин Красимиров е уапсен во Германија под сомнение дека ја силувал и убил 30 годишната Викторија Маринова, уредничка и водителка на TVN.

Убиството се случи во северниот бугарски град Русе на 6 октомври 2018 година, а се верува дека Красимиров побегнал во Германија. Наскоро ќе се соочи со судење во Германија пред да биде екстрадиран во Бугарија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг