Ромската заедница е за влез на Македонија во ЕУ и НАТО и создавање јасна перспектива

Макфакс

12/10/2018

12:06

482

Големина на фонт

а а а

Постојат моменти кога се подава рака и таа треба да се прифати, а Македонија е исправена точно пред ваква ситуација во однос на процесот на уставни измени во Парламентот, согласно договорот од Преспа, се наведува во соопшението на неформалното движење преставено од ромски интелектуалци, активисти, бизнисмени и студенти, застапувајќи ги стратешките интереси на Ромите и анализирајќи го актуелниот контекст во која се наоѓа државата.

„Анализирајќи ги постоечките сценарија коишто беа претставени во јавноста преку јавните дебати и интервјуа и можните предизвици за развојот на државата: првото сценарио е уставните промени да бидат усвоени од Парламентот и Македонија да има јасна перспектива, а во регионот да има траен мир. Второто сценарио се нови избори кои нема да ја променат ситуацијата во државата. И третото сценарио е негативно, односно тотална изолација и можна дестабилизација на земјата“, се наведува во соопштението на ромската заедница.

Оттаму додаваат дека во дадениот контекст тие сметаат дека е значајно и битно позиционирањето и на ромската заедница во Република Македонија, вклучително и на двајцата ромски народни преставници во Парламентот.

„Во динамичен контекст на избор помеѓу тенденции и сили кои водат кон прогрес или изолација, Ромската заедница се позиционира за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО и создавање јасна перспектива, мир и унапредување на животот на сите заедници кои живеат во државата. Сметаме дека ромската заедница, ромските интелектуалци преку движењето за Стратешките интереси на Ромите и ромските пратеници треба да ги поддржат заложбите за промени и да соработуваат со немнозинските заедници коишто цврсто и недвосмислено се определени за влез во НАТО и ЕУ“, се посочува во соопштението.

Ромските пратеници имаат мандат да го штитат интересот на Ромите и да го унапредуваат стандардот и животот на заедницата, стои во соопштението во кое додаваат дека ги повикуваат претениците да го следат контекстот, да се залагаат за реализација на Стратешките интереси на Ромите и да ги поддржат промените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг