Ураганот Мајкл однесе најмалку 5 животи, започнува обновата на Флорида

Точка

12/10/2018

08:38

929

Големина на фонт

а а а

Силниот ураган Мајкл однесе најмалку пет животи до четвртокот попладне додека илјадници војници и спасувачи на северозападот на Флорида се дел од акцијата за спасување, расчистување на улиците и повторно воспоставување на електрична енергија.

"Беше силен, многу силен", рекол Џон Хаски, жител на Панама Сити, туристичко место кое ураганот го уништи во средата кога пристигна на копното. 

Размерите на оштета сè уште не се познати, но се знае дека во ураганот загинаа најмалку 5 лица: на Флорида 4 лица го изгубија животот, извести шерифот на округот Гадсден, а 11 годишно девојче загина кога на нејзината куќа паднала натстрешница од гаражата во Џорџија, објавуваат властите.


И покрај тоа што во четвртокот попладне времето било ведро, улиците на Панама Сити биле прекриени со дрвја, делови од кровови на куќи и стакло. Во средата ветрот беснеел речиси 3 часа низ улиците, известуваат странските новинари.


Две болници во градот се оштетни. Стотина илјади лица останаа без електрична енергија во неколку држави на југоистокот на САД, односно 390.000 во Флорида, 130.000 во Јужна Каролина и 220.000 во Северна Каролина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг