Изгледа ужасно морничаво: Излезе трејлер за новиот хорор на Стивен Кинг

Точка

11/10/2018

15:03

3.163

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на добри хорор филмови кои ви влеваат страв во коски, трејлерот за новиот филм на Стивен Кинг ќе ги задоволи сите ваши потреби.

"Pet Sematarу" е римејк на култниот филм од 1989 година, снимен според истоимениот роман на Стивен Кинг, кој многумина го нарекуваат негово најдобро дело. 

Во филмот кој започнува со преселба на среќно семејство на еден идиличен имот на село, набрзо почнуваат да се случуваат чудни работи. Имено, зад куќата во која семејството се доселило се наоѓаат гробишта за домашни миленици, а за она кое следува ќе морате добро да ги припремите очите, ушите и нервите.

Римејкот на хоророт пристигнува во април 2019 година, а засега ќе мора да се задоволите со трејлерот за едно од најпознатите дела на Кинг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг