Ова е музиката која ја слушаат интелигентните луѓе

Точка

10/10/2018

18:29

2.859

Големина на фонт

а а а

Интелигенцијата влијае на изборот на музиката која ја слушате, тврди Вирџил Грифит, софтвер дизајнер кој неколку години ја проучувал врската помеѓу резултатите на тестовите за интелигенција и омилените изведувачи.

Истражувањето било спроведено по пат на Фејсбук, а Грифит открил колку поединечни изведувачи имаат лајкови од страна на студенти, и тие податоци ги споредил со резултатите на тестовите кои студентите ги полагале во текот на уписот на факултет. 

Омилената група на најинтелигентните помеѓу нив е "Radiohead", заклучил Вирџил, додека оние најмалку интелигентните ја слушаат Бијонсе. 

Интелигентните лица освен "Radiohead", сакаат да ги слушаат и "U2", "Coldplay", Боб Дилан и Бетовен. Што се однесува до оние најмалку интелигентните, освен Бијонсе тие го слушаат и Лил Вејн.

Истражувањето тврди дека просечно интелигентните луѓе бираат изведувачи како "System of a Down" и "Pearl Jam". 




Спонзорирани линкови

Маркетинг