Колку ќе чини новата „Серија 3“ на БМВ?

Точка

10/10/2018

17:24

916

Големина на фонт

а а а

Најголемата ѕвезда на актуелниот саем за автомобили во Париз е новата генерација на „Серија 3“ на баварски БМВ.

Откако автомобилот блесна во Париз и ги воодушеви присутните, деновиве се појавија првите информации околу цената на седмата генерација на најпродаваниот модел на германскиот гигант.

Новата генерација на „Серија 3“ ќе биде пуштена во продажба на 19-ти март 2019-та година, а во тој момент најслабата верзија која ќе може да се купи ќе биде дизел верзијата 318d со 150 коњски сили, а чија што почетна цена ќе изнесува 37,850 евра.


Баварскиот гигант веројатно набрзо потоа ќе ги понуди и другите верзии на „Серија 3“, а се шпекулира дека најевтината верзија ќе биде бензинецот 318i со 150 коњски сили, автомобил за кој ќе биде потребно да се издвојат околу 34,000 евра.

Освен 318i, бензинската понуда во Европа ќе биде сочинета и од 320i со 184 коњски сили и 330i со 258 коњски сили, а освен 318d кај четирицилиндарските дизели постои и 320d со 190 коњски сили.


Истовремено, единствениот модел со шест-цилиндарски мотор во понудата ќе биде моделот 330d со 265 коњски сили (195 kW), а тоа ќе биде воедно и единствената верзија на новата „Серија 3“ на БМВ која што на почетокот од продажбата ќе биде достапна со погон на сите четири тркала.

Подоцна БМВ ќе ја прошири понудата на модели со моќниот 340i кој под хаубата ќе има 6-цилиндарски 3.0 турбо-бензинец со 387 коњски сили и 500 Nm максимален обртен момент. Во план е и 330e plug-in hybrid кој што исто така ќе се појави на пазарот до крајот на 2019-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг