Кои се најбараните мали премиум SUV модели за оваа година?

Точка

10/10/2018

15:18

1.242

Големина на фонт

а а а

Во 2018 година се очекува продажба од над половина милион од овие автомобили во Европа.

Како што пишува "LMC Automotive", Европјаните до 2021 година годишно ќе купуваат над 700 илјади мали премиум SUV модели, што е двојно поголем број отколку од 2016 година. 

Во овој сегмент во скоро време влегоа и произведувачите како што се Volvo и Jaguar, а нови модели најавија и некои други премиум авто-компании.


Истиот извор наведува дека во 2018 година на пазарот доминира BMW X1, како еден од првите модели на таа класа во Европа.

Во првата половина од годината биле испорачани 62.287 возила.


Од друга страна, Audi во првите 6 месеци од 2018 година продал 46.422 единици од моделот Q2 и 36.833 примероци од моделот Q3. По нив следуваат Mercedes GLA (34.835), MINI Countryman (28.630) и Range Rover Evoque (22.400).


Листата на најпродавани модели ја комплетираат Volvo XC40, Jaguar E-Pace, BMW X2 и DS 7. Конкуренцијата ќе биде уште посилна во 2019 година кога во продажните салони ќе пристигнат Lexus UX, додека Mercedes истата година ќе ја претстави втората генерација на GLA, а до 2022 година ќе се појави и неговиот ривал од Alfa Romeo.




Спонзорирани линкови

Маркетинг